Придобивките од реформата на платните системи

Bez autora
Jun 22 2011

По повод 10-годишнината од реформата на платните системи во Охрид се одржа тркалезна маса на која гувернерот на Народната банка на Република Македонија (НБРМ) Димитар Богов и експерти од оваа област ги сумираа придобивките за македонската економија од досегашното десетгодишно функционирање на платниот систем во земјава. Со реформата, како што соопшти НБРМ, сметките на корпоративниот сектор и извршувањето на финансиските трансакции се префрлија од Заводот за платен промет во банките, а нивното порамнување се организира на сигурен и ефикасен начин. Македонија практично се здоби со модерен и ефикасен платен систем и нова платежна инфраструктура која е компатибилна со платните системи на развиените земји. Друга значајна компонента на платниот систем во земјава е Клириншкиот интербанкарски систем (КИБС) за мултилатерално одложено нето-порамнување на плаќањата со мала вредност (помала од еден милион денари), во сопственост на приватни комерцијални банки.

Придобивките од реформата на платните системиПо повод 10-годишнината од реформата на платните системи во Охрид се одржа тркалезна маса на која гувернерот на Народната банка на Република Македонија (НБРМ) Димитар Богов и експерти од оваа област ги сумираа придобивките за македонската економија од досегашното десетгодишно функционирање на платниот систем во земјава.

Со реформата, како што соопшти НБРМ, сметките на корпоративниот сектор и извршувањето на финансиските трансакции се префрлија од Заводот за платен промет во банките, а нивното порамнување се организира на сигурен и ефикасен начин. Македонија практично се здоби со модерен и ефикасен платен систем и нова платежна инфраструктура која е компатибилна со платните системи на развиените земји.

Друга значајна компонента на платниот систем во земјава е Клириншкиот интербанкарски систем (КИБС) за мултилатерално одложено нето-порамнување на плаќањата со мала вредност (помала од еден милион денари), во сопственост на приватни комерцијални банки. Повеќето од плаќањата се вршат за сметка на клиентите на банките, при што салдата по извршениот клиринг се порамнуваат во МИПС-системот, со што плаќањата стануваат финални и неотповикливи.

Според Народната банка, со вака поставените платни системи и системи за порамнување на хартии од вредност, Македонија се стекна со платна инфраструктура карактеристична за модерна пазарна економија, која претставува добра основа за развој на финансиската инфраструктура и зголемувањето на степенот на финансиска интермедијација.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik